Продолжуваат израелските напади во појасот на Газа
23 мај 2007Реклама
Израелски хеликоптери во текот на ноќта одново гаѓаа цели во појасот на Газа . Според палестински извештаи во овие напади биле повредени цивили. Во еден од нападите беше уништена зграда која ја користи палестинското исламистичко движење Хамас , а во друг беше разурнато складиште за оружје на оваа радикална организација.