Продолжија судирите кај палестинскиот капм во Либан
21 мај 2007Реклама
Во северен Либан денеска продолжија судирите меѓу безбедносните сили и исламиските екстремисти околу еден палестински бегалски камп. Според очевидци во најновите судири загинале најмалку девет цивили, а повредени се над 70 лица. Само во вчерашните жестоки престрелки во градот Триполи загинаа најмалку 50 лица а повредени беа повеќе од 90. Судирите избија откако полицијата изврши потрага по осомничени ограбувачи на банка во еден логор со палестински бегалци.
Во логорорт инаку има околу 40 000 бегалци, а тој се смета за упориште на екстремистичката палестинска група Фатах ал Ислам.