1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжен мандатот на Косово

27 мај 2004

Германскиот Бундестаг денеска со големо мнозинство им го продолжи мандатот на германските војници на Косово за уште една година.

https://p.dw.com/p/AcNJ
Дебата во Бундестагот
Дебата во БундестаготФотографија: AP

Сите фракции подвлекоа дека по немирите од март останува неопходна заштитата од КФОР во барањето политичко решение. Министерот за одбрана Петер Штрук:

"Косово како што покажаа настаните од март, е далеку од стабилност што би можело самото да ја обезбеди. Затоа е неизбежна натамошна воена поддршка во напорите за мир и општествена нормализација. Никој нема интерес Косово да биде почетна точка на организираниот криминал и на регионалната дестаблизација“, изјави Штрук.

Во мартовските немири загинаа 19 лица, а 30 српски цркви беа уништени. Од сите говорници во Бундестагот тоа беше оценето како тежок удар за посакуваната цел: демократски и правни стандарди на Косово. Штрук уште еднаш го бранеше однесувањето на германските војници во КФОР за време на нападите на албанските националисти врз Србите. Експретот за одбрана од ЦДУ Кристијан Шмит изјави дека на Косово владе кревок мир. Тој го критикуваше УНМИК кој сака прво да постигне стандарди како безбедност и заштита на човековите права, пред да биде решен конечниот статуас на Косово. Мораме да спречиме тоа да се претвори во ќорсокак. Унијата побара од владата стратегија како на Косово да се подобри развојот на политички, економски и социјален план. Либералите пак предложија Косово да се претвори во подрачје на одговорност на Европската унија. Инаку, мисијата формално е неограничена и се остварува врз основа на резолуциите на Обединетите нации и НАТО. Во моментов на Косово се наоѓаат 3 илјади и 880 германски војници .