Продолжена мисијата на Атлантис
15 јуни 2007Реклама
По последниот комјутерски проблем на бордот на вселенската станица ИСС, астронаутите на вселенскиот брод Атлантис штедат енергија и се подготовуваат за натамошно продолжување на нивната мисија. Бродот треба да помогне да се стабилизира позицијата на ИСС која е во опасност откако за извесен период беше прекината работата на комјутерите. Поради поправката на изолациониот штит, мисијата на Атлантис претходно беше продолжена за два дена.