1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продавници без пари?!

23 декември 2009

Да се продава нешто без пари е нелогично, но се случува во Германија. Во земјата се множат продавници во кои муштериите доаѓаат, си го земаат она што им се допаѓа... и си одат. И што е најважно тоа функционира одлично

https://p.dw.com/p/LCA4
Се‘ повеќе сиромашни ги користат „бесплатните“ продавнициФотографија: Umsonstladen Köln, Veronika Franzen

Овде нема ниту натписи ниту цени. Ниту касиерки, или обезбедување. Се е бесплатно! Во Германија има 50 т.н. продавници за без пари, кои функционираат веќе со години. Една продавница во западниот дел на Келн постои од 2004 година. Филозофијата која стои зад ваквата идеја е критика на потрошувачкиот менталитет и антикапитализмот.

„Купи го тоа и ќе бидеш среќен! Тоа не е вистина! Да се биде среќен нема никаква врска со трговијата. Нашата мала заедница на тој начин сака да се одбрани од потрошувачкиот терор“, вели Хајди Ринкау и енергично удира по масата. Веќе две години оваа 62-годишна жена работи во продавницата во Келн. Принципот на бесплатните продавници е едноставен: доколку имате нешто што не ви е потребно го носите таму. Доколку нешто ви е потребно, одите таму и го земате. Меѓутоа, можете да си исполните само три желби. Или поточно, толку парчиња му следуваат на секој муштерија.

Der Kölner Umsonstladen
Фотографија: DW

Непосредно по отворањето на продавницата десетина луѓе се туркаат во малата просторија. Дрвениот под се витка под зимските чизми. По полиците се наредени машки кошули, зимски џемпери и детска гардероба. Има и агол за играчки, а зад вратата се наоѓаат стари чаши за вода и за пиво, и мали чинивчиња од стакло и порцелан. Еден млад човек тукушто донесе уште неколку...

Der Kölner Umsonstladen
Продавачката Хајди РинкауФотографија: DW

„Пред да ги фрлам овие работи, си помислив дека би можеле да му послужат некому. Принципот е добар. На тој начин може да им се помогне на сиромашните.“

Колешката на Хајди, Хелга Голденхаус ја презема кесата со шољи за кафе, лончиња за млеко, тањирчиња и прибор за јадење.

Муштериите воглавно бараат облека, книги и играчки. Но и работи за домаќинство. Во последно време во продавницата доаѓаат се’ повеќе луѓе.

„Забележуваме дека има се повеќе сиромашни, и се повеќе корисници на социјална помош. Тие се среќни кога ќе добијат нешто, за што не мораат ниту да се правдаат, ниту да платат.“

Автор: Моника Грибелер/Борис Георгиевски

Редактор: Жана Ацеска