1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Програмата на папата Франциско

Кристоф Штрак/ Симе Недевски27 ноември 2013

Ова е ракопис на папата. Франциско во своето прво сопствено програмско писмо ја поттикнува црквата на нов мисиoнерски пробив, а ги осудува економијата и активностите кои забораваат на сиромашните и оние во неволја.

https://p.dw.com/p/1APPf
Фотографија: Reuters

Папата Франциско претстави многу личен став во програмата на својот понтификат. Врховниот поглавар на католичката црква, кој потекнува од Латинска Америка, актуелниот економски систем го означува како „неправеден во корен“ и бара промени. Истовремено, јасно од католичката црква бара промени и нов дух на отвореност. Суштината е во мисионерско доживување на црквата и во нејзина децентрализација, како и во поголем ангажман за еден праведен свет.

Во суштина папата Франциско чувствува дека болно недостастува воодушевување од католичкaта црква. Таа повеќекратно се забарикадирала зад затворени врати и мора повторно да излезе меѓу луѓето. Црквата мора да биде отворена куќа и постојано да ја држи вратата отворена. Но честопати, „се однесуваме како контролори на милоста, а не како нејзини помагачи“, истакна папата.

Законот на посилниот

Papst Franziskus 23.4.2013
Фотографија: Getty Images

Папата Франциско на столб на срамот ја става „економијата која дискриминира“, и „социјалната нееднаквост“, а ја критикува и „социјалната неправедност“. Денес сѐ се случува според критериумите на конкурентност и според законот на посилниот, при што „можниот го уништува послабиот“.

Големи делови од населението се во голема мерка исклучени и потиснати до работ на општествените текови: „Без работа, без изгледи, без излези“, самиот човек е претворен во „потрошно добро“. Зад овие зборови на папата, кому луѓето во комотно удобната Европа, му се воодушевуваат, стои токму драматичната анализа, од која прозлезе т.н. теологија на ослободување на Латинска Америка.

Во рамките на овој латино-американски контекст припаѓаат и некои забелешки на сметка на црквените структури. „Преголемата централизација ѝ го комплицира животот на Црквата и на нејзината мисионерска мисија, наместо да ѝ помага“. Уште на самиот почеток на овој документ папата Франциско го споменува авторитетот во Црквата и говори за негово насочување. На само неколку страници овој израз се појавува повеќепати, кога се зборува за папата, бискупот и папата. Во еден од средишните делови на документот, кој во официјалната верзија е долг 180 страници, папата Франциско го тематизира „новото насочување на папството“ и повеќе ниту еднаш не го споменува изразот „папска служба“.

Отворен за предлози како да се подобри ситуацијата

Папата Франциско потсетува дека уште папата Јован Павле Втори (1978-2005) уште во 1995. година, во својата екуменска енциклика, замоли за помош во пронаоѓање на нов облик на „практикување на папскиот примат“. „Во таа смисла не отидовме далеку“, заклучува разочарано папата и со тоа упатува критика за многу папски теолози. Тој вели дека е отворен за предлози за тоа како папската служба да стане поблиска до Исус и како подобро да реагира на потребите на секојдневието.

Papst Franziskus Lampedusa Flüchtlinge Italien
Папата Франциско меѓу бегалците на ЛампедузаФотографија: AFP/Getty Images

Осум месеци по неговиот избор за папа, 76-годишниот Франциско упатува на неговите големи насоки. Притоа погледот наназад на неговиот сѐ уште млад понтификат јасно укажува на развој. На крајот на јуни беше објавена првата енциклика, но овој документ „Lumen Fidei" односно „Светло на верата“ беше наследство од неговиот претходник папата Бенедикт Шеснаесетти. Всушност објавувањето на оваа енциклика по 100 дена минати на функцијата, можеби значеше крај на една фаза на набудување и анализа. Оттогаш наваму папата Франциско делува појасно и подрастично во зборовите и симболиката. Примери за тоа се посетата на бегалците на италијанскиот остров Лампедуза, содржината на големото интервју повеќе језуитски весници па и блискоста до хендикепираните и болните.

Сето тоа се одразува во актуелниот текст. Бидејќи на крајот од краиштата, папата Франциско очекува дека секој поединечен христијанин, секоја поединечна заедница може и треба така да се однесува. Овој текст во голем дел може да се оцени како сензационален. Во втората половина документот повремено губи од напрегнатоста. Освен љубовта секогаш одново се споменува и изразот радост, кои се наоѓа и во насловот на документот „Evangelii Gaudium" односно „Радост на евангелието“.