Прогласени победниците на 19-от охридски пливачки маратон
19 јуни 2005Реклама
Французинот Жил Ронд победи на 19-от по ред пливачки маратон во Охрид во машка , а холанѓанката Едит Ван Дајк беше најбрза меѓу во женска конкуренција.
Победникот Ронд беше за еден удар на раката од второпласираниот , Бугаринот Петар Стојчев, кој исто така важеше за фаворит. Двајцата поливачи десетина километри пред целта водеа изедначена трка и победникот беше решен во самиот финиш.
Од македонските пливачи, најдобро пласиран - вкупно десетти и седми во машка конкуренција, беше Јане Карајованов.
На победниците, покровителот на маратонот, македонскиот претседател Бранко Црвенковски, им врачи ловорови венци.
На маратонот учествуваа 18 пливачи од различни земји од светот.