1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пробив на кинескиот пазар

1 јули 2004

Франкфуртскиот аеродром е најголемиот на европското копно. Годинава очекува за првпат повеќе од 50 милиони патници. Но, не расте само аеродромот: Франкфурт има намера да постигне успех и на меѓународен план. Друштвото “Фрапорт“ има удел во Брисел, како и во Бомбај, но сега фокусот е насочен кон економскиот бум во Кина од што “Фрапорт“ ќе се обиде да профитира.

https://p.dw.com/p/AeQu
Контрола на багажот на франкфуртскиот терминал
Контрола на багажот на франкфуртскиот терминалФотографија: AP

Оној што патува низ Кина ќе биде зачуден што во скоро секој поголем град слетува на сосема нов аеродром. За да го здржи економскиот растеж и да привлече туристи и фирми од целиот свет, кинеската влада инвестираше во изминатите години во големи инфраструктурни проекти: од автопати, преку железнички пруги до аеродроми. Модерниот дизајн на терминалите сепак не може да ја сокрие другата страна. Патниците се жалат на честите задоцнувања кои не се најавуваат, а ако се најават, тогаш само на кинески. Исто така, за да се стигне на аеродромите, со автобус мораат да се минат големи пространства пред да се влезе во авионот. На пасошките контроли се создаваат огромни опашки, а кога патниците конечно ќе стигнат до лентите за багажот, таму повторно чекаат цела вечност на своите куфери. На менаџментот му недостига меѓународно искуство, вели Вилхелм Бендер, претседател на упавниот одбор на “Фрапорт“ кој неодамна водеше деловни разговори во Пекинг, Шангај и Кантон. Во советувањето на кинеските аеродроми тој гледа атрактивно поле за зделки, зашто Франкфурт има што да понуди на тој план:

“Франкфурт во основа е класична крстосница. Тоа значи дека ние имаме највисок пораст на транзит од сите аеродроми во светот. Преку 50 насто од сите патници чиј број годинава ќе префрли 50 милиони, не остануваат во Франкфурт, туку преку него да стигнат до својата цел. Оној што има толкав број транзитни патници, мора да понуди посебни услуги. Почнува од багажот, а завршува кај некој од сервисите што им ги нудиме“.

По околу 20 години, предвидуваат познавачите на браншата, Кина ќе биде вториот најголем авио-пазар по САД. Аеродромите во Пекинг, Шангај и Кантон бележат стапки на пораст меѓу 10 и 20 насто годишно. За да се совлада големиот пораст на патници и стока, Кинезите бараат меѓународни експерти. “Фрапорт-АГ“ кој ги води и аеродромите во Анталија и Лима, во почетокот на април на шангајскиот аеродром формираше фифти-фифти заедничка консултантска фирма. Таа треба да обезбедува совети за градба и водење на аеродроми, како и да тренира персонал за воздушниот сообраќај. Во споредба со другите меѓународни понудувачи, оваа заедничка фирма може да работи многу поповолно бидејќи има и локален партнер, вели шефот на “Фрапорт“ Бендер. Долгорочно се надева од овој ангажман да може двојно да профитира:

“Секако, едно се вообичаените добивки. Второ, имаме многу подобро познавање на кинескиот пазар од порано што ни помага да создадеме производи во Франкфурт потребни за кинеските патници“.

Бендер не ја исклучува ниту можноста фирмата во иднина да инвестира и во кинеските аеродроми, зашто кинеската влада во наредниот перид има намера да приватизира повеќе од 100 презадолжени аеродроми.