1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пријдете и почујте: калесници канат на свадба

Анке Плауц/ Александра Трајковска 28 декември 2012

Една традиција повторно заживува. Поканите за свадба вообичаено се испраќаат по пошта. Во Вуртфлет во Долна Саксонија тоа го прават двајца мажи. Како калесници тие лично ги канат сите гости.

https://p.dw.com/p/16pXY
Фотографија: DW

Двајца мажи, една мисија. - Каква ли намера имаат? Земјоделец и машински инженер во фрак и со цилиндер, среде рамницата во Долна Саксонија.

„Бевме во Бругфреде, Ашлабен, Нојнкирхен, Рекум“. - Тоа се се’ места во близина на Куксхафен. Михаел Клаус и Ролф Роген имаат специфична улога, тие се калесници, односно лично ги канат гостите за свадбата на својот најдобар пријател.

„Тоа е стара традиција и сакаме да биде зачувана заради нашиот пријател“, вели Клаус. Роген се надополнува: „Токму така. Јенс Штеге е наш добар пријател и за него се разбира ние радо одиме да каниме.“

Во чест на традицијата

Тие со недели се на пат, треба да поканат преку 200 гости. А канениците живеат на различни места. Времето полека истекува, свадбата е за неколку денови.

Нивната прва станица денеска е во близина на насипот, во местото Хариерзанд. Поканата почнува традиционално со една изрека на северногерманскиот дијалект: платдојч.

Традиционално, калесниците секогаш доаѓаат ненајавено - и секогаш има по нешто за пиење.

Symbolbild Hochzeit - Eheringe und rote Rosen
Фотографија: picture-alliance/ dpa

„Мене тоа многу ми се допаѓа, идејата е одлична, би рекла тоа е еден вид принудна пауза. Инаку, во секојдневието баш и немате пречесто време за такви кратки паузи“, истакнува Хајке Матизен, кај која калесниците дојдоа на гости.

Постои уште еден ритуал. Поканетите за свадба мора да врзат нешто за оваа прачка. Доказ за тоа дека калесниците навистина лично дошле.

„На него можам да врзам се’ што е можно. Овие на пример ставија гаќи“, вели Клаус. „А, кога ги закачија беа уште топли?“, дополнува неговиот пријател.

„Токму така“, вели Михаел Клаус, а Ролф Роген потврдува: „И јас мислам така“.

По пат со возач

На толку многу посети ги нудат со се’ и сешто - пред се’ со алкохолни пијалоци.

Затоа секогаш патуваат со возач. За разлика од порано, кога луѓето што канеа на свадба патуваа само на коњи. А коњот секогаш го знаеше патот, без оглед колку ракија испил јавачот.

„Добро утро, семејство Тикен. Пријдете и почујте“.

До пред 30 години овој обичај беше широко распространет во Долна Саксонија. Денес луѓето помалку невообичаено реагираат на чуварите на традицијата.

„Кога ја изговоривме изреката ни пријдоа деца и не прашаа дали можеби сме од некоја секта, оти тоа им било непознато“.

И додека во Харирзанд полека паѓа ноќта, калесниците заглавија кај последните гости што ги поканија. Малата услуга за пријателот може да прерасне во целовечерна програма.