1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пријателите на Сирија трагаат по мирно решение на конфликтот

Симе Недевски/ртрмиа/мф/дпа1 април 2012

Во Истанбул се одржува состанок на групата „Пријатели на Сирија“ на кој претставници на 80 земји и организации се обидуваат да пронајдат решенија за состојбата во земјата.

https://p.dw.com/p/14VzV
Фотографија: Reuters

Министерството за надворешни работи на Турција, која е организатор на состанокот, претходно најави дека главни теми на средбата во Истанбул ќе бидат можностите за повлекување на сириските вооружени сили од градовите како и доставувањето хуманитарна помош.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле изјави дека и покрај тоа што конфликтот во Сирија трае повеќе од една година се’ уште не е доцна за политичко решение.

„Мислам дека политичко решение е секогаш можно“, рече Вестервеле синоќа (31.03.2012) во Истанбул. Важно е да се зголеми притисокот врз режимот на претседателот Башар Ал Асад , истотака и од страна на Русија и на Кина, изјави Вестервеле нагласувајќи дека мировниот план на специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига, Кофи Анан, мора да добие шанса. Според неговите зборови, јасно е дека Асад ќе биде набљудуван врз основа на она што ќе го стори а не на основа на она што ќе го каже.

Außenminister Guido Westerwelle äußert sich zu Syrien und Griechenland
Германскиот министер за надворешни работи Гидо ВестервелеФотографија: dapd

Асад го прифаќа планот на Анан но...

Германскиот министер истотака изјави дека целта на состанокот во Истанбул е пружање поддршка на сириската опозиција и спречување конфликтот од Сирија да се префрли на целиот регион.

Сирискиот претседател Башар Ал Асад претходно најави дека го прифаќа мировниот план на Анан, но истакна дека ќе го спроведе само откако опозицијата ќе го предаде оружјето. Планот на Анан меѓудругото предвидува ставање крај на сите борбени акции во Сирија како и доставување на хуманитарна помош во земјата.

На состанокот во Истанбул учествуваат и претставници на сириската опозиција .

Јасно барање за прекин на насилствата

Türkei Istanbul Treffen zum Thema Syrien
Претседателот на сирискиот Национален совет, Бурхан ГалиунФотографија: Reuters

Претседателот на сирискиот Национален совет, Бурхан Галиун вчера во Истанбул процени дека шансите за политичко решение се мали и истакна дека сириската опозиција мора да биде подобро наоружана бидејќи во моментов таа е единствена можност за заштита на цивилите. Галиун уште порача дека сириската опозиција не полага големи надежи во планот на Анан, бидејќи смета оти Башар ал Асад со него се обидува да добие во време: „Ние сме навикнати на неговите лаги“, истакна Галиун.

Се очекува од состанокот во Истанбул на кој учествува и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски да произлезе заедничко соопштение на групата „Пријатели на Сирија“ во која јасно ќе биде побарано од претседателот Асад веднаш да прекине со насилството.

Групата „Пријатели на Сирија“ поддржана од западните земји и од Арапската лига, кон крајот на февруари го одржа првиот состанок во Тунис, за постигнување меѓународен договор како да им се стави крај на судирите во Сирија.