1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Приштина на Белград ќе му предложи „договор за пријателство“

27 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BYUh

Лидерите на косовските Албанци во текот на новите преговори со Белград за статусот на Косово ќе предложат „договор за пријателство“ со Србија, пишуваат косовските медиуми. Според истиот извор, ова ќе има цел Косово и Србија да се договори периодот по решавањето на статусот, а во него се вклучени и прашања за економската и политичката соработка, објавија денеска косовските медиуми. За 30 август во Виена се закажани нови одвоено средби на меѓународната посредничка Тројка со делегациите на Белград и Приштина.