Приштина брои повредени и апси демонстанти
8 февруари 2014„Универзитетот во Приштина е целосно независна и автономна институција“, рече нејзиниот портарол Арбер Влахиу, набгласувајќи дека претседателката ги следи случувањата околу Универзитетот и повикува на воздржување од насилство. Таа бара преку дијалог да се остави простор за институционално решение на проблемот.
Вчерашниот протест, осми по ред, беше најмасовен, но и најжесток, бидејќи дојде до судир меѓу припадниците на полицијата и демонстрантите.
Студентите бараат оставка од ректорот на Универзитетот, Ибрахим Гаши, бидејќи тие се сомневаат дека до звањето редовен професор дошол со помош на три „научни“ труда објавени во некои индиски магазини и преку други злоупотреби.
Состојбата на Приштинскиот универзитет беше тема на жестока расправа во Косовскиот парламент. Седницата за Универзитетот траеше два дена и до вчера не беше усвоена резолуција за него, бидејќи пратениците од владејачката коалиција ја напуштија седницата. Тие сметаат дека донесување на резолуција за Универзитетот е во спротивност со законот и академските слободи.
Косовската полиција, во меѓувреме, соопшти дека во вчерашните протести пред Ректоратот на Универзитетот во Приштина е повредено 71 лице. Нешто повеќе од половината се повредени демонстранти, а останатиот дел се повредени полицајци.
Портпаролот на полицијата Брахим Садрија синоќа изјави дека учесниците на протестот први ги започнале инциденитте и ги нападнале и повредиле припадниците на полицијата со различни тапи предмети.
Притвор од 48 часови е одреден за 31 уапсено лице. Меѓу нив се наоѓа и директорот на невладината организација „ДИПРЕД“ Илир Деда и пратеникот во Општинскиот парламент на Приштина Или Хоџа, кој е од редовите на движењето „Самоопределување“. Тие се осомничени за „напад врз службено лице со тешки последици“.