1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Притвор за 17 припадници на Батасуна

8 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BnfS

Шпанскиот суд одреди мерка притвор за 17 од вкупно 23 припадници на баскиската партија Батасуна, кои беа приведени минатата недела. Судот во Мадрид соопшти дека лицата биле поврзани со терористичката организација ЕТА. Четворица од приведените се пуштени на слобода со кауција од 10.000 долари. Инаку партијата Батасуна од 2003 година е забранета заради своите врски со ЕТА.