Придвижување и во атомскиот спор со Иран
5 април 2007Реклама
Ослободувањето на британските војници од страна на Иран внесе динамика и во конфликтот околу атомската програма на таа земја. Претставникот на ЕУ за надворешна политика Хавиер Солана во разговор со главниот ирански преговарач Али Лариџани ги сондира шансите за нови преговори. Претходно германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, како претседавач со Советот на Унијата, изрази надеж дека ќе дојде до приближување на ставовите.