1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Претскажувањата се остваруваат ако верувате во нив

29 декември 2010

Во потрагата по едноставни решенија за животните проблеми, многумина бараат помош од гатачите и надрилекарите. Езотеријата овозможува и успешно лекување на некои болести, што научно не може да се објасни.

https://p.dw.com/p/zqmz
Гатачите имаат одговори за сите прашања за минатото и иднинатаФотографија: ZB - Fotoreport

Винфрид фон Телен од Келн вели дека луѓето кои доаѓаат кај него најчесто се интересираат што ги очекува на професионален и љубовен план, за здравјето и што им носи новата година. Тој веќе 15 години гледа на карти, го толкува минатото и ја претскажува иднината:

„Овде на почетокот се сончевите симболи, што се однесува на иднината и значи дека ќе биде топло и пријатно. Наредното лето ќе започнете љубовна врска, но внимавајте, можеби нема да биде со среќен крај, оти овде го гледам симболот кула што може да значи хаос.“

Голема понуда на езотерични советници

Symbolbild Wunderheiler
За да се стане духовен исцелител не е потребно посебно образованиеФотографија: picture-alliance / Godong

Станот на гатачот не е уреден во таинствен или магичен стил. Тој ги реди картите на масата во дневната соба. Една сеанса од половина час кај гатачот Фон Телен чини 20 евра, што не е многу, оти на пазарот на гатачи и надрилекари има енормна разлика во цените. Имено, посета кај некои од нив може да чини и неколку стотици евра.

Пазарот на езотерични советници веќе одамна е презаситен, со гледачи на карти, толкувачи на соништа, гуруа, духовни исцелители или маѓепсници. За сите видови животни проблеми има соодветна понуда. За оваа професија не е потребно соодветно образование, секој може да дава такви совети, објаснува Бернд Хадер, портпарол на Здружението за научно проучување на паранауките:

„Од една страна тоа е потрага по едноставни одговори на комплицираните прашања. Денешниот свет станува се` покомплициран, понепрегледен, се` поанонимен. Езотеријата создава еден вид удобно катче, каде се чувствувате пријатно.“

Сугестивните сили се одлучувачки фактор

Homöopathie - Die alternative Behandlungsmethode
Хомеопатијата е една од алтернативните методи на лекувањеФотографија: ZB - Fotoreport

Но, езотеријата исто така овозможува успешно лекување на некои болести, што не може научно да се објасни. Пример за тоа се плацебо ефектот или хомеопатијата, вели Мартин Хонекер, поранешен професор по социјална етика.

Дали некој верува во методите кои се користат на границата помеѓу светот на науката, вербата и суеверието зависи од фантазијата на поединецот, смета Хајнц Шот, раководител на Медицинско-историскиот институт на Универзитетот во Бон:

„Работите кои денес изгледаат езотерично или парапсихолошки се среќаваат и во минатото. Примерите од минатото може да помогнат при научното проучување на овие феномени. Како историчар на медицината, особено се интересирам за сугестивните сили како плацебо или ноцебо ефектот.“

Предвидувањата се остваруваат пред се` кога некој навистина верува во тоа, прави се` што може и ги фокусира своите мисли кон предвиденото. Тогаш речиси ништо не е невозможно.

Автор: Петер Колаковски/ Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Жана Ацеска