1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Претседателот и премиерот на консултации за името

Александар Чомовски 8 јули 2008

Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски денеска во Скопје се сретнаа на консултации околу спорот со Грција. По состанокот не се соопштени детали за ставовите на македонскиот врв.

https://p.dw.com/p/EYZN
Претседателот и премиерот на поранешна средба со медијаторот НимицФотографија: Macedonian Information Agency

Македонскиот премиер Никола Груевски ја продолжува праксата, на почетокот на месецот да разговара со шефот на државата Бранко Црвенковски за клучните прашања за развојот во Македонија.

Нема информации зошто токму денеска и со какви ставови претседателот и премиерот разговарале околу последниот пакет на медијаторот Нимиц за решавање на грчко - македонскиот спор околу името. Не е исклучено македонскиот врв да испрати писмо до Брисел пред утрешниот конечен прием на Хрватска и Албанија во НАТО.