Престрелки во Могадишу
29 март 2007Реклама
Најмалку десет цивили загинаа, додека девет се ранети во оружените престрелки меѓу бунтовниците и етиопската армија во главниот сомалиски град Могадишу. Етиопија која што ја поддржува сомалиската влада пред три месеци ги протера исламистичките бунтовници. Тие го контролираат Могадишу и големи делови на Централна и Јужна Сомалија.