1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пресметка на Северна и Јужна Кореја во Жолтото море

10 ноември 2009

Се зголемуваат тензиите на Далечниот исток. Во водите на Жолтото море престрелка меѓу воени бродови на Јужна и Северна Кореја. Двете страни се обвинуваат меѓусебно за инцидентот.

https://p.dw.com/p/KSw1
Оружјето на готовс! Нови инциденти меѓу Северна и Јужна КорејаФотографија: DW/AP

Патролен брод на Северна Кореја настрадал во престрелката со воено пловило на јужнокорејската морнарица во Жолтото море. Засега нема информации за жртви или повредени. Официјален Сеул тврди дека на неговиот брод немало повредени, но нема информации од спротивната страна.

Двете страни меѓусебно се обвинуваат за инцидентот, што се случи во близина на спорната гранична линија во Жолтото море. Станува збор за прв инцидент од таков вид во последните 7 години.

Јужнорејскиот претседател Ли Мјунг-Бак свика вонредна седница на националниот совет за безбедност, а премиерот Чунг Ун-Чан ја обвини Северна Кореја дека извршила напад врз патролата на неговата морнарица. Тој изјави дека нападот не бил планиран и ги повика граѓаните да останат мирни. Министерот за одбрана, Ким Тае-Јунг пред парламентот изјави дека севернокорејскиот брод навлегол речиси два километри јужно од границата и тврдеше оти тоа било сторено намерно.

Karte von Nordkorea
Фотографија: AP

Државната телевизија во Пјонганг, пак, го обвини јужниот сосед дека е виновен за инцидентот, а севернокорејската армија побара извинување.

Што е целта на провокациите?

Аналитичарите прогнозираат дека инцидентот е намерно испровоциран во пресрет на посетата на американскиот претседател Барака Обама на регионот, следната недела.

„Севернокорејците сметаат дека подигнувањето на тензиите во пресрет на посетата на Обама им ја зголемува цената во преговорите“, изјави Ју Хо-Хеол од Универзитетот во Сеул. Други експерти велат дека Пјонгјанг на овој начин сака на дело да покаже дека мирот во регионот може да се зачува само со потпишување на мировен договор, како замена за примирјето кое е на сила уште од 1953 година. Пјонгјанг не ги признава границите поставени со тогашната демаркација.

Во атмосфера на драматично зголемени тензии, некои експерти оценуваат дека не треба да се избрзува со заклучоци, образложувајќи дека, доколку целта на Северна Кореја била да предизвика инцидент, тогаш тамошните власти би ангажирале повеќе од еден патролен брод.

Автор: БГ/ГЧ/афп

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска