1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Премиера на филмот „Среќен Божик„ во Берлин

24 ноември 2005

Станува збор за германско-француска копродукција под раководство на францускиот режисер Кристијан Карион, кој мораше да чека цели 10 години за да се зафати со омилената темa.

https://p.dw.com/p/AeTz
Сцена од снимањето на филмот
Сцена од снимањето на филмотФотографија: AP

За Божик 1914-та година, значи на почетокот од Првата светска војна, германскиот Кајзер доаѓа на идеја да им испрати на војниците на фронтот во Франција божиќни дрвца за да го подигне нивниот борбен морал. Но, ваквиот невообичаен потег добива уште поневообичаен расплет. Кога шкотските војници ги здогледуваат божикните дрвца на Германците од другата страна на ровот, почнуваат да свират бижиќни песни на гајда. На тоа еден германски војник, кој инаку бил оперски пеач излегува од својот ров со божикно дрвце в рака и ја пее традиционалната божикна песна „Тиха ноќ - света ноќ„

Во улогата на исторската личност по име Николаус Шпринк, инаку оперски пеач од Берлин, се најде младиот актер Бено Фирман. Во оваа европска копродукција со млади француски и германски актери се вклучи и Даниел Брил, кој игра поручник на германската армија:

„Она што најмногу ме заинтригира кај оваа фигура, тоа е трансформацијата што ја минува. На почетокот тој е крут и уверен војник, чија главна цел е секако да извојува победа за Германија. Подоцна меѓутоа него го трогнува целата ситуација и тој почнува да се сомнева во сопствените цели.„

Овој филм прикажува едно мало, веќе заборавено чудо среде големата војна. Оружјето на завојуваните страни замолкна со денови спроти Божик 1914-та на францускиот форнт. Шкоти, Французи и Германци разменуваа оброци, си покажуваа слики од сопругите, играа заеднички фудбал и дури одржаа заедничка миса. А најтрогателни се сцените во кои војниците дури ги прибираат оние од противничката страна додека нивната сопствена артилерија сее смрт по противничките ровови.

Ваквиот развој на настаните не им одговараше на големите воени старешни, кои исто се здружуваат во нешто – имено во страшното казнување на сопствените војници, кои се вклучиле во заедничкото славење на Божик. Збратимувањето од декември 1914-та во очите на генералите беше велепредавство! Тоа мораа да го платат дури со животот многумина од војниците на ситре три армии, но сепак има и преживеани, како еден 109-годишен Шкот, кој на режисерот Карион му даде вредни упатства за снимањето на филмот.