1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преку 5 милиони невработени во Германија

1 март 2006

Тенденцијата сепак е кон подобрување на состојбата

https://p.dw.com/p/AeMW
Франк-Јирген Вајзе
Франк-Јирген ВајзеФотографија: AP

Бројот на невработените во Германија во февруари порасна за натамошни 36 илјади – во изминатиот месец во земјава вкупно се регистрирани 5 милиони и 48 илјади лица без работа, што сепак се 241-на илјада помалку отколку во истиот месец пред една година. Стапката на невработеност изнесува 12,2 процента од работоспособното население.

Актуелната ситуација се образложува со студената зима и натпросечно големиот број отпуштања од работа на постари соработници. Но, во Сојузната агенција за вработување гледаат повод за оптимизам: „Вообичаениот развој за ова годишно време не менува ништо во нашата оптимистичка базична оцена на актуелната ситуација на пазарот на работна сила. Невработеноста со месеци тенденциелно опаѓа. Останува позитивен развојот кај вработувањето и слободните работни места“ – изјави Франк-Јирген Вајзе, шеф на Агенцијата за вработување.