Преку 330 загинати во земјотресот во Перу
16 август 2007Реклама
Силен земјотрес го погоди крајбрежниот регион на Перу,според последните податоци загинале најмалку 337 луѓе,а околу 800 се повредени.
Најтешко се погодени областите во и околу градовите Ика, Чинка и Кањете каде што се урнати голем број згради,а телефонските и електричните инстатции се во прекин.
Земјотресот бил со интензитет од 7,5 степени по Рихтеровата скала .
.Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 40 метри длабочина во близина на перуанското крајбрежје . Овој потрес е најсилен забележан во Перу во последните 30 години