1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преку Исланд до нови бодови

АТ/миа19 јануари 2014

По поразот од Унгарија, македонските ракометари в понеделник (20.01), во натпреварот против Исланд ќе се борат за првите бодови во втората фаза на ЕП во Данска.

https://p.dw.com/p/1AtK0
Фотографија: Claus Fisker/AFP/Getty Images

Македонските ракометари имаа неуспешен старт во втората фаза од Европскиот шампионат - убедливо загубија од Унгарија со 31:25.

„Црвено-жолтите“ делуваа заморено, одбраната беше порозна, нападот немоќен. По 18-минути игра противникот имаше двојна предност, во 25. минута плус осум (14:6) гола, а во средината на вториот дел и највисоки девет голови предност 25:14.

До крајот на натпреварот Македонија успеа да го ублажи поразот, кој доаѓа по најслабиот одигран натпревар на ЕП. Единствена светла точка во нашиот состав беше Дејан Пецаковски со 5 погодоци. Капитенот Кире Лазаров беше сопрен на 4 реализации (не искористи три седмерци). На голот Борко Ристовски забележа 13 одбрани.

Следниот предизвик и обид за првите бодови во вториот круг во групата 1, Македонија ќе го има в понеделник против Исланд.

Hadball Europameisterschaft Dänmark Spanien 2014
Данска извојува победа над ШпанијаФотографија: picture-alliance/dpa

Во дербито од втората фаза на ракометното Европско првенство, домашната селекција и актуелен европски првак Данска го победи светскиот шампион Шпанија со 31:28 и со тоа го продолжи победничкиот од кон одбраната на титулата. Ова за „црвената фурија“ беше прв пораз на првенството.

Во групата 1, Исланд ја победи Австрија 33:27.

Денеска се играат првите натпревари од групата 2: Полска – Белорусија, Русија – Шведска и Франција – Хрватска.