Прекин на преговарачката рунда за севернокорејската атомска програма
22 март 2007Реклама
Новата преговарачка рунда околу програмата за атомско оружје на Северна Кореја што се одвиваше во Пекинг е прекината . Главниот севернокорејски преговарач го напуштил главниот град на Кина и се вратил во Пјонгјанг. На преговорите во Пекинг требаше да се разјаснат деталите од договорот за ставање крај на нуклеарната програма на Северна Кореја кој беше постигнат во февруари . Неофицијално во Пекинг се вели дека разговорите би требало да продолжат за неколку денови .