1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пред самитот на ЕУ - Германија не ја исклучува можноста од неуспех

11 декември 2003
https://p.dw.com/p/AcRg

Непосредно пред решавачкиот самит на Европската унија во Брисел, германската сојузна влада ја потврди својата бескомпромисност за идниот баланс на моќта во проширената Унијата. Берлин веќе не ја исклучува ниту можноста од неуспех на самитот овој викенд. Во краен случај може да се преговара во идната година, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер во владиниот став за европската политика пред пратениците во Бундестагот. Унијата и Либералите и ветија поддршка на владата за самитот, но и префрлија за безобзирност кон источноевропските идни земји-членки. Во Берлин е и полскиот поретседател Алаксандар Квашњевски.

Германскиот канцелар Герхард Шредер и денеска се обиде да влијае врз Полска околу спорното прашање за тежината на гласовите. Тој денеска во Берлин се сретна со полскиот претседател Александар Квашњевски, а на средбата од која досега нема никаква информација, беа и министрите за надворешни работи на обете земји. Меѓутоа германскиот став за ова прашање во Бундестагот го изнесе министерот Фишер кој пред пратениците изјави дека никаков резултат во оваа година е многу подобар отколку лош што би ја одолговлекол или дури би ја спречил работата во Европа: "Секоја земја членка има свој глас дали е мала како Малта, или со многу население како Германија - секој има свој глас. Дополнителниот став за мнозинство на граѓаните на Унијата обистинува еден централен принцип што важи во секоја демократија - еден граѓанин еден глас. Еднаквоста на државите и еднаквоста на граѓаните во ова двојно мнозинство се основиниот принцип. Дури комбинацијата од двата елемнта, мнозинството на државите и мнозинството на граѓаните го разјаснуваат посебниот карактер на Унијата како унија на држави и граѓани". Оттаму, изјави Фишер, Германија цврсто се придржува кон тој принцип содржан во нацрт - уставот. Фишер уште додаде: "Враќање кон Ница со нејзините нејасни и затоа помалку демократски и тешко преносливи тежини на гласовите, тоа според нас, ќе значи неуспех на самитот". Со поглед кон Шпанија и Полска, Фишер апелираше да не го спречуваат историскиот заеднички компромис. Во случај на неуспех, смета тој, скоро принудно ќе се создаде јадро на Европа и една Европа со различни брзини.