1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предупредување од терористичка опасност од Кавказот

ЕМФ/дв28 април 2013

По нападот во Бостон, екстремистите од Кавказот и во Германија влегуваат повеќе во фокус. Тајните служби набљудуваат 200 исламисти од тој регион.

https://p.dw.com/p/18OUk
Фотографија: picture-alliance/dpa

Претседателот на Сојузната служба за заштита на уставот, Ханс-Георг Маасен, за весникот „Велт“ изјави дека се набљудуваат исламисти кои се приврзаници на таканаречен Кавкаски емират, милитантна група која од страна на Русија и на САД е означена како терористичка организација и која наводно има врски со Ал Каеда. Лидер на групата е Доку Умаров, човекот што важи за најбарано лице во Русија.

„Разјаснувањето на нивните активности за нас има висок приоритет“, изјави Маасен, додавајќи дека се набљудуваат начините на финансирање и опасностите што произлегуваат од „уфрлање искусни борци од Кавказот во Германија“.

Präsident des Bundesamtes für Verfassungsschutz, Hans-Georg Maaßen
Ханс-Георг МаасенФотографија: picture-alliance/dpa

Во руските кавкваски републики, како Чеченија и Дагестан (фото горе), исламистичките бунтовници со години се борат против владите верни на Москва и против руските безбедносни сили. Осомничените за атентатот во Бостон се браќата Џохар и Тамерлан Царнајев, по потекло од Чеченија. Тие пред нападот живееле 10 години во САД. „Имаме работа со нов профил на извршители“, објаснува Маасен. Сојузната служба за заштита на уставот подолго време укажува на опасноста од лица кои се радикализираат самите и кои не се врзани со меѓународни терористички групи. Според Мааасен, опасноста од напади во Германија „е непроменето висока“, но во моментов нема конкретни знаци дека исламистите во Германија планираат напад.