Предупредување од колапс во Европа
25 јули 201217 водечки европски економски експерти сметаат дека Европа се движи во правец на катастрофа од непредвидливи размери. Тие од владите бараат итни коренити реформи на монетарниот и финансискиот систем за избегнување на заканувачкиот колапс и враќање на довербата кон еврото. Тие стриктно одбиваат долгорочно премин во т.н. трансфер-унија, односно унија на гаранции „сите за сите“, како и воведување на еврообврзници. Но, економските стручњаци истакнуваат дека справувањето со должничката криза мора повеќе отколку досега да биде заедничка задача.
Краткорочно е нужно меѓу другото проширување на рамките за гаранции за земјите должнички, доколку тие ги спроведуваат договорените реформи, се вели во студијата. Долгорочно според експертите е потребно создавање заедничка банкарска унија со централизиран надзор.
Експертите освен тоа предлагаат создавање на регулирачки механизам за истапување на државите кои нема да ги исполнуваат одредбите на европскиот фискален пакт.