1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предлозите на Бејкер не се чудотворен лек, но се последна шанса

Даниел Шешкевиц7 декември 2006

Коментар на Даниел Шешкевиц

https://p.dw.com/p/Adv9
Џејмс Бејкер
Џејмс БејкерФотографија: AP

Предлозите на независната комисија преставуваат компромис .Tој го поштедуваат Буш од немудриот временски план за повлекување и појаснува дека неограничениот воен ангажман каков што Буш досега заговараше не е веке опција за САД. Ова особено стана јасно по победата на демократите на изборите за конгресот на почетокот на ноември.Оттогаш Буш се покажува како резистентен на совети. Дури и неговиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд еден од заговарачите на војната во Ирак ,непосредно пред заминување од должноста го советувал да ги повлече своите војници од Ирак.Залудно .Буш и натаму верува во можен успех во Ирак и покрај тоа што неговите генерали, и идниот министер за одбрана му зборуваа дека војната е загубена. Сега умерените републиканци од кругот на пријателите на таткото на сегашниот претседател настојуваат да го спасат она што во Ирак може да се спаси.А од тоа не остана многу.Во земјата беснее граганската војна. Поделбата по етничка и религиозна основа се чини веке не може да се запре.Она што сеуште може и мора да се избегне е регионално распламтување на судирите, кое би оставило несогледиви последици на Блискиот Исток и во целиот свет.Буш мора бргу да го спроведе предлогот од Бејкеровата комисија.Тој отворено мора да искаже подготвеност за разговори со најважните соседни држави на Ирак ,Сирија и Иран за сите важни прашања ,па дури и за иранската нуклеарна програма.Одбивањето на вакви разговори, од страна на Буш ,е непродуктивно и детско размислување.Искусниот поранешен министер за надворешни работи, Џемс Бејкер ,е можеби најпогодната личност која би ги водела тие разговори.Кога беше шеф на дипломатијата на Бејкер му успеа да ја поврзе Сирија во антиирачката коалиција за време на прват војна во заливот кога се работеше за ослободување на Кувајт .Сепак , бејкеровите предлози не се магичен лек .Каменот на мудроста ,кога станува збор за ирак го нема никој во раце. Владата на Буш предолго го водеше кобниот курс на кој стручњаците одамна опоменуваа.Сега е можеби предоцна.Но, вистинските предлози на Бејкеровата комисија сепак се можеби последна шанса да се избегне тоталниот хаос.Германија би требало својата надворешна политика да ја насочи во насока на корекција на тој курс, не за да ги спаси надворешно политичките врски на претседателот Буш, туку да го спречи проширувањето на хаосот на уште поголемо подрачје.