1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предлог за нова резолуција на ОН за Сирија

28 септември 2011

Велика Британија, Франција, Германија и Португалија вчера поднесоа нова предлог-резолуција на ОН, што ја осудува Сирија за репресиите врз антивладините демонстранти.

https://p.dw.com/p/12iB2

Во новата варијанта отпадна повикот за наметнување санкции врз Дамаск. Во поумерениот предлог се предупредува дека во иднина може да се наметнат санкции, доколку владата на претседателот Башар Асад не ги запре воените операции против цивилите.

Доколку 15-члениот Совет за безбедност го прифати документот, во него ќе се изразува „длабока загриженост“ од ситуацијата во Сирија и ќе се инсистира на итно запирање на секакво насилство. Ако тоа не се случи, Советот за безбедност ќе донесе „конкретни мерки, вклучувајќи и наметнување санкции“, се наведува во предлог резолуцијата.

Минатиот месец САД, Велика Британија, Франција, Германија и Португалија поднесоа предлог резолуција која повикуваше на санкции против Асад, влијателни членови на неговото семејство и блиски соработници. До гласање, меѓутоа, не дојде. Русија и Кина, кои имаат право на вето во Советот, а исто така и Бразил, Јужна Африка и Индија се спротивставија на претходната варијанта со наметнување на санкции.

Западни дипломати сметаат дека сега, во новата варијанта, резолуцијата ќе биде поприфатлива за овие пет земји.

Автор: ЖА/ АТ/ миа

Редактор: Горан Чутаноски