1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предлог законот за бранителите ја бранува јавноста и владејачката коалиција

АМ/СН/миа/макфакс21 август 2012

ДУИ бара вклучување на припадниците на ОНА и нивните семејства предлог законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Македонија и нивните семејства. Во спротивно се закани со излегување од власта.

https://p.dw.com/p/15tkF
Фотографија: DW/S. Toevski

По најавите дека во собраниска процедура ќе се најде Предлог законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и нивните семејства, албанскиот партнер во власта најави дека ќе ја напушти колицијата со ВМРО-ДПМНЕ, ако во Собранието биде изгласан предложениот закон без во него да бидат вклучени и припадниците на ОНА и нивните семејства,

Ова денеска на брифинг со новинарите го најавил висок функционер на Демократската унија за интеграција , пренесуваат македонските медиуми. Најавениот закон, според ДУИ, е прекршување на договорот меѓу лидерите на двете водечки партии да не се отвараат прашања поврзани со статусот на бранителите и припадниците на ОНА. Со изгласувањето на предложениот закон, коментираат од ДУИ, би се загрозиле меѓуетничките односи и односите во владината коалиција, што би резултирало со нивно заминување во власта и иницирање на предвремени парламентарни избори заедно со локалните на пролет.

Mala Recica Tetovo
Седиштето на ДУИ во Мала РечицаФотографија: DW

НДП: Предлог законот за бранителите е антиалбански

И опозициската партија од албанскиот политички блок, Националната демократска партија остр го критикуваше нацрт-законот предложен од страна на пратениците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Предлог законот за е уште една потврда за популистичката, и во основа анти - албанска, политика на владата, сметаат до НДП, партијата на Руфи Османи.

„Националната демократска преродба го изразува своето длабоко убедување дека ваквиот потег на владата не придонесува во подобрувањето на политичката атмосфера во земјава. Напротив, иницијативата за усвојување на ваков закон, 11 години по конфликтот од 2001, има за цел да ги поттикне меѓуетничките тензии, нешто што носи добивка само за власта, но не и за обичните граѓани на ова држава. Законот, во форма и содржина, е целосно спротивен на духот на

Охридскиот договор и, пред се, промовира нееднаквост меѓу граѓаните поделувајќи ги во “бранители“ и “терористи“.“, се вели во соопштението од НДП. Според партијата на Османи, фактот што во својата предложена содржина таксативно се исклучуваат припадниците на ОНА и сите останати не македонски граѓани кои во било која форма биле жртви на тој вооружен конфликт, укажува на понижувачкиот и исклучувачкиот пристап на овој предлог закон.