Предлогот на Ахтисари денеска во Советот за безбедност
26 март 2007Реклама
Предлог решението за идниот статус на Косово на специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари, денеска ќе биде објавен во јавноста и ќе им биде предаден на членките на СБ. Портпаролот на Ахтисари, Реми Дурло изјави дека денеска не се предвидени состаноци на кои би се разгледувал предлогот. 3 април останува како можен датум за средбата. Американскиот државен подсекретар Николас Барнс изјави дека САД го поддржуваат предлогот на Ахтисари за контролирана независност. Високиот преставник на ЕУ Хавиер Солана и генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер денеска во Брисел изразија задоволство од начинот на кој двете институции соработуваат во покраината.