Предлогот на Ахтисари денеска во СБ
26 март 2007Реклама
Предлог решението за идниот статус на Косово од специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари, денеска ќе биде објавен и ќе им биде предаден на членките на СБ. Портпаролот на Ахтосари, Реми Дурло појасни дека не се предвидени никакви консултации ниту состаноци на кои би се разгледувал предлогот. Тој рече дека се уште не е потврден датумот на одржување на седницата на која ќе се разгледува предлогот на Ахтисари. 3 април останува како можен датум, но седницата треба да ја закаже Велика Британија која во април претседава со СБ.