Предизборни коалициони најави
22 април 2008Сегашниот премиер на Македонија Никола Груевски најави дека за формирање на идната влада по изборите, како лидер на ВМРО ДПМНЕ ќе остане во коалиција со ДПА и Мендух Тачи, иако сондажите покажуваат фаворитска позиција на сега опозициската ДУИ. „По изборите ќе преферираме да бидеме со албанскиот партнер со којшто бевме и досега.“ истакна Груевски.
Наспроти нив ќе биде блокот што се нарекува про - европски, предводен од СДСМ. „Ќе разговарам и со оние кои ме сакаат и со оние кои ме критикуваат и со оние кои ми ја дале довербата и со оние кои пред две години останаа дома.“ рече Радмила Шеќеринска во Кавадарци на прославата за 17 години од постоењеот на СДСМ. На изненадување на експертската јавност на овој митинг се појави и претседателот на државата Бранко Црвенковски. Кон коалицијата на СДСМ не е извесно дали ќе се приклучи и Тито Петковски со неговата НСДП.