Предизборен молк на Косово
16 ноември 2007Реклама
На Косово денеска е предизборен молк воочи утрешното гласање за нов состав на парламентот и локалните власти. Право на глас имаат 1,5 милиони жители на покраината. Според анкетите главната битка ќе ја водат опозиционата ДПК на Хашим Тачи и владејаката Демократски сојуз на Косово. Од 25 партии кои учествуваат на изборите 14 се на малцинствата. Парламентарниот одбор за Коасово и Метохија во Белград, ги повика србите во покраината да го бојкотираат изборниот процес. Лидерот на партијата ОРА и член на преговарачкиот тим за статусот на покраината, Ветон Сурои изјави дека до католичкиот Божик, Косово ќе прогласи независнсот која ќе ја признае ЕУ.