Предизборен молк во Грузија
30 септември 2012Од митингот во Тбилиси, лидерот на „Грузиски сон“, милијардерот Бидзина Иванишвили (на фотографијата горе) порача дека утрешниот ден ќе биде „ден на раѓањето на една нова Грузија“ и изрази уверување дека неговата коалиција ќе победи на изборите.
Свој завршен митинг вчера одржа и владејачкото Обединето национално движење (ЕНМ), од кој грузискиот претседател Михаил Саакшвили порача дека утрешните избори се решавачки за иднината на земјата.
Во Грузија денеска е предизборен молк, кој ќе трае до затворањето на гласачките места утре вечер.
Утрешните избори во поранешната советска република, на кои учествуваат 17 партии и две коалиции, ќе ги следат над 30.000 домашни и околу 600 странски набљудувачи.
Според анкетите на јавното мислење, се очекува ЕНМ да освои околу 36 отсто од гласовите, пред КО со околу 18 проценти и Христијанско демократското движење (КДМ) со три отсто.