1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предизборен амбиент во Македонија

Александра Чомовски3 јуни 2006

Голем број кандидати за пратеничките места. Кампањата официјално почнува за две недели.

https://p.dw.com/p/Addk
Собрание на Македонија
Собрание на МакедонијаФотографија: aptn
На престојните парламентарни избори во Македонија, закажани за 5 - ти јули, за мандат ќе се тркаат повеќе од 2 илјади и 600 кандидати, односно по 23 - ца за секое пратеничко место во Собранието. Официјалната изборна кампања започнува по две недели, а партиските конвенции и настапите на водечките политичари во разни медиумски дебати се дел од предизборниот амбиент.