1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предизбораната битка во САД веќе започна

13 февруари 2007

Иако ќе трае до 4 ноември 2008 година, сепак следните претседателски избори во САД веќе сега го привлекуваат вниманието на јавноста во оваа земја. Додека кај Демократите главното внимание е насочено кон сенаторите Хилари Клинтон и Барака Обама, кај Републиканците се уште ништо не е јасно. Во секој случај, кампањата ветува да биде возбудлива и, секако – скапа.

https://p.dw.com/p/AdtO
Клинтон-една од кандидатите
Клинтон-една од кандидатитеФотографија: AP

2008 година ќе биде изборен преседан, зашто се спојуваат две работи: прво, Џорџ Буш веќе не може да остане во Белата куќа поради уставното ограничување од два мандата и второ: потпрестедателот Дик Чејни нема да се кандидира. Бидејќи нема кандидат со функционерски бонус, трката е отворена како никогаш досега. Тоа го објаснува големиот број потенцијални натпреварувачи: според официјалните информации околу 60 од кои 19 се членови на двете големи партии - демократите и републиканците. Сега сите собираат донации. Експертите очекуваат за првапт во американската историја да биде пробиен паричниот зид од милијарда долари. Една од причините за тоа е што кандидатите се концентрираат на предизборите во првите недели од наредната година што исто така досега не било, смета политичкиот експерт Тери Меколиф:

„Ова досега е најгустиот возен ред. Сојузните држави Калифорнија, Мичиген, Илиноис и Њу Џерси сакаат предизбори што порано, а кон тоа и Ајова, Невада, Њу Хемпшир и Јужна Каролина – сите во рок од десет дена - од средината на јануари. На 5 февруари се ќе биде завршено„.

Овој брз старт практично значи дека кандидатите не мораат како порано прво да ја освојат соодветната сојузна држава, туку со повеќе тимови ќе мораат да водат изборни битки истовремено на повеќе места. Тоа ги зглемува трошоците, како и враќањето на личниот настап. Изборните спотови на телевизиите се уште се дел на вкупната стратегија, вели Меколиф:

„Изборните менаџери добро ќе размислат колку пари да одвојат за тоа. Постојат и други начини за директен контакт со избирачите – преку Интернет или со лично обраќање. Тоа е одличо средство и причина за успехот на републиканците на последните избори. На пример, црквите. Секоја недела се проповедаше против абортусот и истополните бракови и тоа делува„.

Меѓутоа, без грижа: и овојпат ќе ја има вообичаената валкана кампања. Како и пред 4 години кога партијата на Буш го навредуваше ривалот, виетнамски јунак и подоцнежен противник на војните Џон Кери, во еден спот:

„Може ли Америка во воено време да му верува на предавник на татковината„.

Избирачите тогаш во мнозинство одговорија:„НЕ„. Кери се најде во дефанзива, вели експертот за изборни кампањи: Стивен Ансолбехер:

„Кандидатите се сметаат за слаби кога се нападнати од противникот. Единствениот одговор на таквата валкана кампања е сопствена таква што ќе биде насочена кон противникот„.

Грозен круг кој својот зенит вообичаено го има непосредно пред изборите кои овојпат веќе започнаа. Противниците на еден од демократските кандидати Барак Обама се возбудени од тоа што неговото второ име гласи Хусеин, а во младоста посетувал радикално-исламско училиште. Тоа со името е точно, другото е глупост. Се појави и првиот анти-Хилари спот. Граѓаните се прашани:„Што мислите за неа„:

Една се смее, другата не знае, третата студено вели: Клинтоновите се минато.

Изборна битка на американски начин: тоа е битка за политичко преживување зашто преживува тој или таа со најдебела кожа – и најдебело конто.