Преговорите во Пекинг без успех
22 декември 2006По четири дена преговори,Кристофер Хил изгледаше видно изцрпен и е разочаран поради ставот на Северна Кореја:
-САД се надеваа на поголеми напредоци.
Спорот поради воведените финансиски санкции од страна на САД ги блокира преговорите за севернокорејската атомска програма.Американската влада ги замрзна банкарските сметки во Банко Делта Азија во Макау.Вашингтон му префрлува на Пјонгјанг меѓу другото перење пари.Северна Кореја уште на почетокот на шестпартитните разговри во понеделникот побара укинување на сите санкции.Кристофер Хил:
-Делегацијата од Северна Кореја очигледно имаше инструкции да не зборува официјално за стопирањето на атомската програма,се додека не биде решено прашањето за укинувањето на американските санкции.Но,јас не дојдов во Пекинг заради блокираното конто,туку заради атомската програма и севернокорејскиот атомски тест во октомври.
Одделните разговори за финансиските санкции завршија уште во средата без резултат и можеби ќе продолжат во јануари.
Шестпартитните преговори денеска завршја неуспешно.