1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преговарачките платформи плод на странскиот притисок

Зулфија Јакупи/ Симе Недевски1 ноември 2012

Платформите за преговарање кои се подготвуваат во Белград и во Приштина, повеќе се плод на барањето на меѓународните фактори отколку што се оригинален производ на страните во спорот, оценуваат приштинските аналитичари.

https://p.dw.com/p/16ay3
Фотографија: Reuters

Заедничката посета на Хилари Клинтон и Кетрин Ештон на Приштина и на Белград, како и пораката која ја пренесоа, е доказ за единственото гледиште на САД и на ЕУ во врска со нормализирањето на односите помеѓу Косово и Србија, оценува политичкиот аналитичар Бељуљ Бечај. Тој во изјава за ДВ истакнува дека се работи за сериозни барања, но и за сериозна поддршка. „Во тој контекст претпоставувам дека тое е работа која искажува позитивни барања од една страна и намера да се спроведат договорените спогодби, но истовремено тоа е знак за сериозна поддршка на ЕУ и на САД да се продолжи дијалогот. Тој е најавен за ноември“, кажува Бечај.

Нема задирање во територијалниот интегритет
Clinton und Ashton in Belgrad
Фотографија: picture-alliance/dpa

На конференцијата за нпечат по разговорите со косовската петседателка Атифете Јахјага и со премиерот Хашим Тачи, американската држана секретарка Хилари Клинтон изјави дека политичкиот дијалог со Србија треба да продолжи без
мешање во територијалниот интегритет на Косово. Тоа е многу важна поука, оценува Адриан Арифај од Институтот за политички истражувања и развој. „Добро е што е повторно потврдено дека се почитува територијалниот интегритет и целовитоста на Косово, но би било уште подобро да беше споменето и дека ќе се почитува и внатрешното уредување и уставниот поредок на Косово, дека нема да има никаков „Ахтисари плус“ план или некое друго решение, кое не би го стабилизирало ни Косово, ниту регионот“, вели за ДВ, Арифај.

Внимателно до трајно решение
Clinton und Ashton mit Thaci in Kosovo
Фотографија: Reuters


Политикологот Бечај укажува оти без меѓународната заедница не може да се најде излез од ситуацијата во која се наоѓаат Приштина и Белград: „На сите им е јасно дека во оваа ситуација мораме едноставно да сфатиме оти без странска помош нема можност да се излезе од оваа состојба. Истовремено, мораме да сфатиме и тоа дека платформите кои се подготвуваат евентуално во Белград, односно во Приштина, се повеќе плод на она што го бараат меѓународните фактори и меѓународната заедница, отколку што се оригинален производ на автентичните идеи на страните во овој спор.“
Адриан Арифај напоменува дека сите решенија кои се постигнати во текот на дијалозите меѓу Косово и Србија мора да бидат трајни и стабилни: „Тоа е она што го бара меѓународната заедница, значи, да се затвори поглавјето на Балканот еднаш засекогаш и да не се врати повеќе. Затоа би требало да бидеме внимателни и да најдеме рашение кое ќе донесе трајна стабилност и просперитет.“