1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Превртен свет: Израел ги спасува Палестинците

Торстен Тајхман5 август 2008

Припадниците на Фатах, кои по борбите со ривалскиот Хамас од појасот Газа избегаа во Израел, ќе бидат пренесени во Западниот брег. Израелското министерство за одбрана смета дека во Газа тие се во опасност

https://p.dw.com/p/Eqbk
Припадници на Фатах побегнаа во ИзраелФотографија: AP

Превртен свет на Блискиот исток: Израел ги штити радикалните Палестинци на Фатах од одмаздата на радикалниот Хамас а истовремено се залага за стабилност во Газа преку поригорозни мерки против Хамас.

Јазот во палестинското општество е се‘ подлабок. На викендот судирите меѓу припадниците на Хамас и Фатах беа особено остри. Хамас се обиде да уапси членови на една фамилија, која го поддржува Фатах. Но оваа фамилија во меѓувреме паднала во немилост и кај владата на палестинскиот претседател Махмуд Абас. Сега Израелците сепак ги пренесоа нејзините членови на Западниот брег. Израелскиот министер за безбедност Дихтер зборува дека ова е сосема нормален чин:

„Оваа одлука не претставува никаков драматичен пресврт. Ова е одлука во рамките на односите кои постојат меѓу Израел и автономните власти. Реалност, при што како држава со овој гест им излегуваме во пресрет на претседателот Абас или премиерот Фајад.“

Меѓусебни пресметки

Од овој гест тие двајцата радо би се откажале, да имаа излез. Првите избегани приврзеници на Фатах, кои Израел уште ноќта ги пренесе во Газа, беа веднаш уапсени од Хамас. Затоа израелскиот министер за одбрана Барак реши останатите бегалци да ги префрли во Западниот брег. На телевизија се гледаа Палестинци кои се качуваат во автобуси и дигаат два прста во знак на победа. Целосно свесни дека за тоа не постои никаква причина. Овие луѓе ги оставаат семејствата и бегаат од Хамас, смета министерот за безбедност Дихтер:

„Хамас е решен да се ослободи од овој фамилијарен клан. Покрај семејството Хилес постојат и други фамилии во Газа кои вршат напади врз Израел, но и нивниот час наскоро ќе дојде.“

Израел не прифаќа критика

Израел судирите меѓу Хамс и Фатах ги гледа како внатрешен палестински конфликт. Критиката дека блокадата на Газа, отсечувањето на крајбрежјето и речиси целосниот прекин на сообраќајот, придонесоа за заострување на ситуацијата, политичарите од Ерусалим целосно ја отфрлуваат. Постои само стравување дека ќе биде прекршено примирјето со Хамас ако оваа организација не ја одржи контролата во појасот на Газа. Но, засега Хамас е сигурен, како што највува неговиот министер за внатрешни работи Ал Гасин:

„Регионот е под контрола, ситуацијата е мирна. “