1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прв пораз на Баерн од Минхен по 13 кола во Бундеслигата.

12 ноември 2007

Разбудениот шампион Штутгарт му нанесе тежок пораз на лидерот од Минхен.Вердер се искачи на второто место на табелата.Играч на колото е Енрико Керн од Ханза од Росток кој постигна хеттрик при победата против Котбус.

https://p.dw.com/p/CATD
Најдобриот играч во Германија минатата сезона , Марио Гомез двапати успешен против БаернФотографија: AP

Магијата на Баерн се распрсна. По повеќе од шест месеци без пораз , фудбалерите од Минхен го напуштија теренот како губитници. И тоа вистински.

Годинава слабиот бранител на титулата Штутгарт во саботата , Неочекувано доживеа будење . Двапати Гомез, еднаш Баштирк и 3:1 . Некои, подолго време повредени играчи, се повторно во тимот и на Штутгарт веќе му успеа да слави против лидерот на табелата .

„ Сега имаме повеќе квалитет во кадарот . Но сеуште не сме стигнале до 100 проценти од можностите . Мораме да се обидеме да освоиме уште поени до зимската пауза . Тогаш се надевам дека ќе бидеме комплетни , и повторно константни , не само во еден натпревар . Од одлучувачко значење е да прикажеме игри како оние од минатата година“- изјави по мечот тренерот на Штутгарт, Армин Фе.

Хицфелд: „Ништо не доаѓа само од себе“

Баерн на мечот во саботата покрај поразот поради црвен картон за наредните мечеви го изгуби и одбранбениот играч Лусио .

Тренерот Хицфелд опуштено го прифати тоа:

„ Верувам , тоа не е толку лоши. Подобро е понекогаш да сосема јасно да изгубиш. Секој играч кај нас знае дека понекогаш мора да се стори нешто повеќе , дека ништо не доаѓа само од себе туку оти пред себе се има еден долг пат“

Значи пораз со позитивни страни . Покрај тоа Баерн остана лидер на табелата , затоа што второпласираниот Хамбургер на гостувањето кај Шалке успе да се избори само за нерешени 1:1 што пак за тренерот Хуб Стевенс не беше причина за радост:

„Истотака знам дека има некои , кои сонуваат и кои сакаат да бидат на првото место . Тоа е убаво , но мораше најнапред да се обидеме да победима кај Шалке . Но дојде до потценување . Тоа не е толку едноставно , како што видовме денеска“

Вердер со убедлива победа до второто место

Наместо првото место , дури третото , затоа што Хамбургер беше преминат од Вердер од Бремен кој со убедливи четири спрема нука славеше на домашен терен против Карлсруе. Тренерот на Вердер Томас Шааф по средбата изјави:

„ Карлсруе беше очекувано тежок противник . И веруваме дека Карлсруе и прави добро на Бундеслигата , со начинот на кој игра оваа екипа“

Играчот на колото доаѓа пак од Росток: Енрико Керн Тој ги постигна сите три гола за Ханза во источно германското дерби со Енерги Котбус кое заврши со резултат 3:2

„ Токму поради борбата за опстанок , за нас ова не беа само три поени туку тоа беше игра за шест поени“

Голови од сомнителни ситуации за Херта и Борусија Дортмунд

Од другите саботни натпревари , Херта беше поуспешна од Хановер 96 со 1:0 . На теренот во Берлин прекриен со снег , домаќините славеа со голот новото засилување од Бразил , Лима , кој меѓутоа беше постигнат од олигледна офсајд ситуација .

Во Дортмунд домашната Борусија се спаси од пораз истотака во една сомнителна ситуација во која беше постигнат израмнувачкиот гол против Ајнтрахт од Франкфурт .

Во петокот Бохум извојува победа на гости во Дуизбург со 2:0 , но се регуларни голови.

Во вчерашните два натпревари од 13-то коло на Бундеслигата , победи остварија екипите на Баер од Леверкузен и Арминија од Билефелд . Избраниците на на тренерот Михаел Скибе беа поуспешни нагости против Волфсбург со 2:1. Тој беше задоволен од играта на неговиот Баер:

„Многу се радувам поради тоа , дека денеска обезбедивме приклучок кон екипите кои се во горниот дел на табелата и оти оти сме натаму во борбата за место во купот на УЕФА . Секако и за тоа дека сината екипа на Волфсбург можевме да ја држиме подалеку од нашиот гол“

Бранителот на купот и натаму во опасната зона

Билефелд од другастрана излезе од опасната зона за испаѓање со победата од три спрема еден против Нирнберг . Тренерот Ернст Мидендорп при резултат 0:1 на полувремето најде вистински зборови во кабината и на крајот можеше да биде задоволен :

„ Сметам дека Билефелд денека покажа вистинско заедништво и на крајот заслужено тука освои три поени“

Екипата на Нирнберг која ја брани титулата во купот на Германија и натаму останува на 16-то место значи во зоната за испаѓање.