1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прв пораз за Германија во квалификациите за ЕП во фудбал

18 октомври 2007

Германците на Алијанс Арената во Минхен претрпеа пораз од Чешка со 3:0. Македонија со идентичен резултат ја совлада Андора

https://p.dw.com/p/Bs9j

Првиот пораз во квалификациите ги симна германците од лидерската позиција на табелата во групата „Д„ Избраниците на селекторот Јоахим Лев прикажаа исклучително слаба игра против чесите кои со победата обезбедија пласман на ЕП. Германија за тоа се избори во саботата, по нерешените 0:0 на гостувањето во Даблин против Ирска.

Чешка дојде во водство уште во 2 минута со голот на Сионко. Марек Матежовски во 23 зголеми на 2:0. Конечните 3:0 беа дело на Јарослав Пласил во 63 минута.

Македонската фудбалска репрезентација синоќешниот триумф на градскиот стадион во Скопје против Андора од 3:0 му ја посвети на Тоше Проески.Фудбалерите на почетокот носеа со ликот на Тоше, а преполниот градски стадион го скандираше неговото име.Пред натпреварот беше интонирана навивачката химна во изведба на Тоше, која отсега ќе биде официјална химна на сите настапи на македонските спортисти.

Инаку Македонија до победата против Андора дојде со головите кои ги постигнаа Илчо Наумовски, Гоце Седлоски и Горан Пандев.