1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прво конституирање на парламентот, па разгледување на предлогот на Ахтисари

6 февруари 2007

Американскиот пратеник за преговорите за статусот на Косово, Френк Визнер, кој денеска треба да допатува во Белград, а кон крајот на неделата да замине во Москва, изрази оптимизам дека Русија нема да го расипе единството на Контакт групата и нагласи дека САД сакаат заедно со Русија да го приведат кон крај прашањето на Косово. Додека во Белград вчера траеја консултациите на српскиот претседател Борис Та

https://p.dw.com/p/AbzV
Претседателската палата во Белград
Претседателската палата во Белград

диќ со претставниците на парламентарните партии околу предлогот на Ахтисари за Косово, Визнер беше на разговори во Приштина.

САД сметаат дека предлогот на Марти Ахтисари за идниот статус на Косово е одличен и заслужува целосна поддршка. Американскиот пратеник за преговорите за статусот на Косово, Френк Визнер, вчера во Приштина изјави: “Документот назначува каде ќе биде Косово во иднина, како заедниците ќе живеат заедно, каква ќе биде структурата на Косово и неговиот однос со меѓународната заедница. Тоа е навистина нов почеток.“

Американскиот дипломат по состанокот со косовскиот преговарачки тим им порача на граѓаните на Косово дека нема да бидат разочарани од конечниот предлог на статусот. Тој ги повика и Приштина и Белград да одговорат на повикот за консултации, кои треба да почнат на 13 февруари во Виена: “Ахтисари ги повика сите страни да седнат на маса и да разговараат, а ако некој не дојде, тоа е негова одлука„, рече Визнер.

Преговарачкиот тим на Косово е подготвен за продолжување на процесот, изјави косовскиот претседател, Фатмир Сејдиу и додаде:

“Подготвени сме да го дадеме нашиот придонес со уверување дека наскоро ќе се стигне на ниво каде што се одлучува – во Советот за безбедност на Обединетите нации.“

Официјален Белград,пак, најави дека денеска од амбасадорите на земјите членки на Контакт групата ќе бара датумот за продолжување на преговорите за идниот статус на Косово во Виена да се усогласи со конституирањето на новиот состав на српскиот парламент. Според српскиот претседател, Борис Тадиќ, тоа би значело поместување на рокот за преговори за десетина дена. Тадиќ на консултациите со претставниците на парламентарните партии, вчера, предложи итно конституирање на парламентот, на чија прва седница би се расправало за предлогот на Марти Ахтисари за статусот на Косово. Поголемиот дел од учесниците на консултациите кај Тадиќ се согласиле дека претседателот на 13 февруари треба да отпатува во Виена и да пренесе дека Србија не може да одговори на редлогот на Ахтисари додека за документот став не заземе парламентот. Новиот парламент по заземањето став би требало да одобри платформа за натамошните преговори и да донесе одлука за преговарачкиот тим.