1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Први јавни демонстрации против Ахмадинеџад

13 декември 2006

„Фронт против демократскиот свет„. Вака потпретседателот на Европската комисија Франко Фратини ја оцени конференцијата за холокаустот во Техеран. Слични оценки изнесоа и други западни политичари во врска со манифестацијата што заврши вчера попладне. И покрај критиките што се појавија уште пред почетокот, во Иран допатуваа голем број гости од САД и од европските земји.

https://p.dw.com/p/Aduz
Ахмадинеџад во „срдечна„ средба со дел од учесниците на конференцијата
Ахмадинеџад во „срдечна„ средба со дел од учесниците на конференцијатаФотографија: AP

Официјално конференцијата требаше да биде слободен, научен форум на кој требаше да се определат вистинските размери на убивањето на Евреите од страна на нацистите за време на Втората светска војна. Според информациите на иранското министерство за надворешни работи, учествувале повеќе од 60 странски гости од преку 30 држави, меѓу нив и двајца Германци кои наводно биле научници, а не нео-нацисти. Според информациите на АРД, барем еден од нив веќе се прозинесол преку интернет како негатор на холокаустот. Освен тоа допатувале и неколкумина Германци со туристички визи од десно-радикалната сцена. Конференцијата се одржа по иницијатива на иранскиот претседател Махамуд Ахмадинеџад кој неколкупати холокаустот го означи како мит. Против тоа протестираше и Морис Мохамед, единствениот еврејски пратеник во иранскиот парламент кој конференцијата ја оцени како навреда не само за Иран, туку и за целиот свет. Мохамед изјави дека е можно да се критикува израелската влада и да не се признава државата Израел, но е мошне тажно да се злоупотребуваат жртвите на холокаустот во политички цели. Во Иран живеат околу 25 илјади Евреи кои се со закон заштитено малцинство, слично како и христијаните и зороастрите. Протести дојдоа и од Германија, САД и Израел.

Во меѓувреме, во Техеран првпат по доаѓањето на власт на Ахмадинеџад во август минатата година, дојде до јавни протести против него. На универзитетот Амир Кабир, повеќе десетици студенти се обидоа да го прекинат говорот на премиерот. 50 до 60 лица скандираа пароли како „Смрт на диктаторот„ и „Нема слобода на мислењето„. Дел од нив се обидоа да ја нападнат говорницата, друг дел палеа светлечки ракети и палеа портрети на претседателот. Како последица на акцијата, студентите се поделија во две групи: за и против претседателот.