1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Првични прогнози од парламентарните избори во Германија

18 септември 2005

Со 35,5 проценти води ЦДУ-ЦСУ

https://p.dw.com/p/AcCd

Германија денес гласаше за нов Бундестаг. Изборните локали се затворија во 18 часот. Според објавените прогнози на истражувачкиот институт Инфратест социјалдемократите (СПД) на канцеларот Герхард Шредер освоија 34 проценти. За ЦДУ-ЦСУ со кандидатот за канцелар Ангела Меркел се изјаснија 35,5 проценти од гласачите. Зелените ја добија довербата на 8,5 од изборното тело, додека Слободните демократи (ФДП) 10,5 проценти. Новата Левичарска партија, според прогнозите освои 7,5 проценти.

СПД и Зелените во предизборната борба се изјаснија дека сакаат да ја продолжат коалицијата од 1998. Партиите на Унијата се залагаа за формирање влада со ФДП - Либератлите. На изборите од пред три години Социјалдемократите (СПД) и партиите на Унијата (ЦДУ-ЦСУ) беа изедначени.Освоија по 38,5 проценти од гласовите. Зелените освоија 8,6 додека ФДП 7,4 проценти од гласовите. ПДС, денес Левичарската партија освои 4 проценти со што не го надмина изборниот праг од 5 проценти за влез во Парламентот.