1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прашума во Европа

Г. Хофман/ М. Груѕинска/ З. Јордановски24 јануари 2013

На истокот на Полска, кај Бјаловјежа, постои прашума со богат растителен и животински свет. Прашумата останала илјадници години нечепната од човечка рака. Таа е атракција за туристите и предизвик за екологистите.

https://p.dw.com/p/16pXO
Фотографија: Mateusz Szymura

„Кога ќе си го најдеш ’своето‘ катче на Земјата, тешко е да се каже, што е тоа што те фасцинира. Тоа е како со љубовта: како да кажеш во што точно си се заљубил?“

Матеуш Шимура е туристички водич. Тој ја води својата група длабоко во заштитената област. Толку многу видови птици на едно место има само овде во прашумава. Од татко му научил што е интересно за луѓето од големите градови - на пример, големите габи. Една која им ја покажува е стара седум години и тврда е како дрво, вели Шимура. Овде се’ расте како што си сака оти прашума значи дека човекот не смее ништо да промени.

Galerie / Global Ideas / Urwald Polen – 17
Во моментов само 16 проценти од Бјаловјежа е ставен под заштитаФотографија: MG

„Природата има свој план. Тој план не мора да се совпаѓа со мојот. За човека е тешко да прифати дека природата се грижи самата за себе“, вели туристичкиот водич Матеуш Шимура.

Шумата од Бјаловјежа се наоѓа на крајниот исток на Полска. Се смета дека таа е последната прашума во Европа. Од 90-тите години таа е национален парк. УНЕСКО ја прогласи за светско културно наследство, за да бидат заштитени 20 илјади видови растенија и животни.

Крал на шумата е визентот, европскиот бизон. Во оградениот дел живеат само неколку - заради туристите. Во дивина популацијата нарасна последните години на околу 900 бизони. Регионот на Бјаловјежа се рекламира со визентот.

Малиот град се наоѓа на работ на прашумата. Има 2 илјади жители и речиси сите живеат од туристите. Во центарот на гратчето е хотелот на Олимпија Пабиан. Таа сака да го прошири хотелот. Хемичарка по струка, Пабиан отвори академија за биодиверзитет, со работилници и нагледна настава на тема заштита на природата.

Galerie / Global Ideas / Urwald Polen – 12
Таму често се наоѓаат печуркиФотографија: Rafal Kowalczyk

„Сакам да овозможам размена на искуства, како може на лице место да се усогласат интересите на луѓето и заштитата на природата. Тука има конфликти - не се придржуват сите кон прописите за заштита на природата“, вели угостителот и заштитник на природата Олимпија Пабиан.

Galerie / Global Ideas / Urwald Polen / 1
Шумата е нечепната од човечка ракаФотографија: Tomasz Kolodziejczak/BPN

Посебно незадоволни се селаните. На Алекси Бојко општината не му дозволи да изгради штала на свое земјиште оти било премногу блиску до шумата. Бојко понекогаш не може да жнее оти птици квачеле јајца во неговата нива, или бизони или елени му ја запоседнале пченицата.

„Штетите се навистина големи. Животните уништуваат до 90 проценти од приносот јадејќи го или смачкувајќи го, ако не е заштитети со електрична ограда.“

Матеуш Шимура постојано открива нови места што може да им ги покаже на туристите. Прашумата постои од пред 12 илјади години, од последното ледено време.

Wisentzuchtgehege im Nationalpark Bialowieza
Во Полска има 800 бизони, а половината од нив се во БјаловјежаФотографија: picture-alliance/dpa

„Ова е место каде можам да ја слушнам тишината, тишина далеку од цивилизацијата. Како оваа шума нема друга во светот. Таа е мојот втор дом“, вели Шимура.

Сто илјади туристи годишно доаѓаат во Бјаловјежа, каде заштитата на природата има посебна вредност.