1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прашалник: Јан-Арент Клингел

14 октомври 2010
https://p.dw.com/p/PPRl
Фотографија: DW

Име: Јан-Арент Клингел

Возраст: 40 години

Место на раѓање: Леонберг, Баден Виртемберг

Семејна состојба: оженет

Деца: два сина, 9 и 12

Професија: информатичар

Образование: гимназија; дипл. информатичар (применета информатика и математика)

Како започнува мојот ден? Со мусли

Типично германски, според мене, е... вози со 180 км/ч на левата лента и знак да се тргнете, иако температурата е неколку степени над нулата и многу врне.

Типично за мене е... што секогаш сакам добро да ги разберам важните работи.

Моја најдобра особина е... што можам да замислам како им е на луѓето во одредена позиција.

Слаба страна ми е... што немам добра меморија, особено за работи од минатото.

Во слободно време најмногу сакам... да излезам во природа и да спортувам (џогинг, едрење на даска, возење сноуборд, возење маунтин бајк, шетање и планинарење).

Мое омилено јадење е... штавеј со колбас.

Дали ќе ни‘ го откриете рецептот? Би морал да го најдам на интернет или да ја прашам мајка ми. Најдобро знам да ставам големи количества месо и зеленчук на скара и да се најаде целото семејство.

Каква музика слушам? Од ритам и блуз (Бијонсе) до хард&хеви (Ајрон Мејден, Џудас Прист, Роб Хелфорд).

Би сакал да имам повеќе време... за заеднички активности со семејството.

Кога мислам на иднината, тогаш... гледам како повторно ги пакуваме куферите (досега веќе двапати бевме на деловен престој во САД).

Моето животно мото е ... „Животот започнува со четири степени на Бофортовата скала“ (ова го разбираат само оние кои едрат на даска, Бофортовата скала ги класифицира ветровите според нивната јачина)

Автор: Ева Узи

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска