1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прашалник: Херман Мак

29 јули 2010
https://p.dw.com/p/O6XD
Фотографија: DW

Име: Херман Мак

Возраст: 51 година

Родно место: Золнхофен

Брачна состојба: женет; Деца: немам, имам едно куче

Занимање: Автомеханичар-мајстор / трговец


Образование / обука: Десетолетка, обука, образование за мајстор

Како го започнувам денот? Добро појадувам и читам весник (не весникот БИЛД!)

Типично германски, според мене е... трудољубивост, бирократија, зборување негативно за се‘ и сешто.

Типично за мене е... што никогаш нема да пораснам.

Мојата најдобра особина е... да импровизирам.

Мојата најголема слабост е... не можам да кажам „не“.

Во слободното време најмногу сакам... да возам велосипед, да планинарам, да возам мотор, да патувам, да читам.

Мое омилено јадење е... се‘ освен цицачи.

Ќе ни‘ го откриете ли рецептот? Ќе земете едно животно и ќе го пуштите на слобода.

Која музика ја слушам? Рок, поп, класика.

Би сакал да имам повеќе време... за патување, читање и музика.

Кога мислам на иднината... велам дека убавите години завршија.

Моето животно мото е... „Живеј и пушти ги другите да живеат“.

Автор: Ксиегонг Фишер

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска