1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прашалник: Петра Хајнике

17 ноември 2010
https://p.dw.com/p/QB3q
Фотографија: gerry-schlaeger.de, München

Име: Петра Хајнике

Возраст: 50 години

Место на раѓање: Фојхтванген

Семејна состојба: разведена

Деца: нема

Професија: адвокатка

Образование: матура, студии, два државни испита за правни науки

Како започнува мојот ден? Со црн чај и со дневни весници.

Типично германски, според мене, е... Негодуваме, наместо да останеме пријатни и весели.

Типично за мене е... дека сум прилично спонтана и темпераментна.

Моја најдобра особина е... посветеноста кога правам нешто, хумор.

Слаба страна ми е.. нетрпение, препотентност и горенаведеното типично германско однесување.

Во слободно време најмногу сакам... да читам, одам во кино, излегувам со пријатели, да шетам на пазар за половни работи.

Мое омилено јадење е... Вкусни ми се повеќе јадења. Сега би сакала пред мене да се најде специјалитетот од мојата баба „телешко шкембе“.

Дали ќе ни‘ го откриете рецептот? За жал не го знам, мојата баба не го запиша кога беше жива.

Каква музика слушам? Пред се‘ класична музика, но исто и џез и се‘ останато што звучи добро.

Би сакала да имам повеќе време за... Во времето што го имам на располагање постигнувам многу работи. Ако имам повеќе време, би го искористила за истите тие работи и за малку одмор.

Кога мислам на иднината, тогаш... со нетрпение и оптимизам очекувам што ќе ми донесе.

Моето животно мото е ... Немој да мислиш дека работите се подразбираат сами по себе и уживај и во малите радости на секојдневието.


Автор: Роман Гончаренко

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска