1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прашалник: Нилс Молкентин

14 април 2010
https://p.dw.com/p/MDtg
Фотографија: DW

Име: Нилс Молкентин

Возраст: 26 години

Место на раѓање: Берген на островот Риген

Семејна состојба: неженет

Деца: нема

Професија: изработувач на едра

Образование: средно образование

Мојот ден почнува... многу неспектакуларно - не сакам да станувам рано, потребен ми е половина час за во бања и за појадок, и тргнувам на работа...

Типично германски, според мене, е... упорност и трудољубивост.

Типично за мене е... мислам дека сум трудољубив, барем на работа, заинтересиран и отворен.

Јака страна ми е... истрајноста и што човек може да се потпре врз мене.

Слаба страна ми е... што честопати долго ги одложувам обврските пред да ги завршам.

Во слободно време најмногу сакам да... едрам, едрам, едрам..., се разбира најрадо со пријателите, се забавувам со другарите и возам сноуборд. Јавањето бранови и патувањата се неизбежни.

Мое омилено јадење е... на пример буритос, шпагети болоњезе или карбонара, сите видови тестенини, но исто така и риба и месо.

Ќе ни‘ откриете ли некој од рецептите? Не готвам по точно одредени рецепти, го употребувам она што го имам дома во моментот и затоа рецептите варираат.

Омилена музика... Слушам разновидна музика: Foo Fighters, Pearl Jam, Jack Johnson, Moby, Gossip, Die Ärzte...би можел да набројам уште многу други!

Би сакал да имам повеќе време за... патување.

Кога мислам на иднината, тогаш... морам да кажам дека не размислувам често за иднината. Не ковам никакви планови. Јас само уживам во мојата слобода. За неколку години сакам можеби да основам мало семејство со вистинската жена на мојот сопствен мал остров;-)

Моето животно мото е ... Она што го правам да ми причинува задоволство.

Автор: Мат Зувела

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска