1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прашалник: Михаел Шпекин

14 април 2010
https://p.dw.com/p/MDws
Фотографија: DW

Име: Михаел Шпекин

Возраст: 47 години

Место на раѓање: Се разбира Хамбург!

Семејна состојба: оженет

Деца: две

Професија: комунален работник на депонија за рециклирање

Образование: деветгодишно средно училиште

Денот го почнувам со... цигара и убаво кафе.

Типично германски, според мене, е... сериозност, темелност и продуктивност.

Типично за мене е што сум... мирен и спокоен.

Јака страна ми е што... никогаш не се нервирам. Досега во животот никогаш не сум бил лут.

Слаба страна ми е што... не знам да кажам „не“.

Во слободното време најмногу сакам... да го минувам со моето семејство. Инаку, одам со пријателите во фитнес-студио, во лето возам мотор, а исто така читам романи за научна фантастика или за Дивиот Запад.

Мое омилено јадење е... Сос од магдонос со варени компири и шунка.

Каква музика слушам? Речиси секаква. Но, најмногу диско музика од 80-те години. Тоа беше моето време.

Би сакал да имам повеќе време за... Имам доволно време за се‘. Секогаш наоѓам време кога ми треба за нешто.

Кога мислам на иднината, тогаш... се радувам со моето внуче, да го гледам како се буди и да бидам дел од тоа. А кога ќе се пензионираме сме го постигнале посакуваното. Имено, имаме сопствен стан, сопругата веќе не мора да работи, имаме две возрасни супер деца, а притоа сме уште и дедо и баба. Гледам позитивно на иднината.

Моето животно мото е ... Не се ставам под стрес и не се нервирам, но консеквентно го спроведувам замисленото!

Автор: Олга Сошнитска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска